logo
logo
logo

Црни облаци над четирикратниот германски шампион

Vecer | 18.05.2021

Црни облаци над четирикратниот германски шампион

Вердер Бремен е еден од највлијателните фудбалски клубови во Германија. Четири пати ја освојуваше Бундес лигата, а последен пат во 2003/04, а уште седум пати беше вицешампион на Германија последен пат во 2007/08. Меѓутоа денес Вердер е само бледа сенка од оној пред нешто повеќе од 15 години кога важеше за фактор во најсилниот германски шампион.

Сега Вердер се наоѓа пред колапс. Лошите резултати го ставија во долниот дел на табелата со опасност да остане без прволигашки ранг. Клубот од Бремен, од формирањето на Бундес лигата во 1963 па до сега само еднаш бил во второлигашки ранг и тоа една сезона 1980/81. Има одиграно 66 натпревари во Лигата на шампионите.

Но освен што му се заканува испаѓање во Цвајте, Вердер се мачи и со финансиите. Клубот би претрпел сериозен удар ако испадне од елитата тогаш можеби ќе мора да прогласи банкрот.

Има ризик, не е исклучено најлошото сценарио, но ние сме оптимисти. Мораме да бидеме. Веруваме дека ќе успееме да избегнеме колапс и во крајна сметка ќе добиеме лиценца за учество во најсилната Бундес лига“, сподели директорот Франк Бауман во интервју за „Скај“.

Вердер моментално е на 16-тото место во Бундес лигата кое води во плеј-офот за опстанок (игра дополнителен меч против третиот од втората Бундес лига). Но Келн кој е зад него има само поен предност. Во сабота е последното коло, а Вердер игра дома со Менхенгладбах и мора да победи за да биде сигурен. „Музикантите“ можат да опстанат ако го победат Менхенгладбах, а Арминија која има бод повеќе и е во сигурната зона не победи во Штутгарт. Келн игра со веќе испаднатиот Шалке.

Да кажеме и дека пред неколку дена Вердер направи тренерска рокада. Го врати легендарниот стратег Томас Шаф за последното коло. Од него очекува да го спаси клубот од испаѓање.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk