logo
logo
logo

Чурлинов влезе, Штутгарт направи пресврт и победи во Менхенгладбах

Vecer | 15.05.2021

Чурлинов влезе, Штутгарт направи пресврт и победи во Менхенгладбах

Денеска во Бундес лигата се одиграа седум натпревари од 33. коло на Бундес лигата. Екипата на Штутгарт успеа да победи на гостувањето кај Менхенгладбах со 1:2 откако на полувреме имаше негатива. Ларс Штиндл во 45. минута ги доведе „ждребињата“ во предност, а во 63 минута во игра влезе македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов на местото на Борна Соса. А во 72 минута веќе изедначување за Штутгарт, реализатор на голот беше Ендо. Пет минути подоцна Калајџиќ погоди за пресврт и тој гол се покажа како победнички.

Штутгарт ја забележа 12-тата победа, ја прекина серијата од четири порази, а притоа ја впиша и шестата победа на гостински терен.

Менхенгладбах испадна од топ седум листата на екипи кои ќе играат во европските купови идната сезона. Борусија се најде во ситуација на коло до крајот да остане без излез на европската сцена.

Унион го зазеде седмото место и атакува на место во ЛЕ по денешното реми на гостувањето кај Баер Леверкузен (1:1).

Најефикасно беше во Гелзенкирхен каде испаднатиот Шалке со 4:3 го победи Ајнтрахт. Со овој пораз екипата од Франкфурт си ги намали шансите за излез во Лигата на шампионите идната сезона. Херта и Келн одиграа без голови, Фрајбург и Баерн 2:2, Аугзбург го победи Вердер 2:0, а Арминија и Хофенхајм одиграа 1:1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk