logo
logo
logo

Чупиќ: Имам една желба, да се вратат навивачите и да се збогувам со нив

Vecer | 02.02.2021

Чупиќ: Имам една желба, да се вратат навивачите и да се збогувам со нив

Иван Чупиќ по завршувањето на оваа сезона си заминува од Скопје по шест години. Хрватскиот репрезентативец ги договори сите детали со ППД Загреб, останува уште официјална промоција.

Во овој момент еден од најдобрите ракометари на Вардар 1961 не сака да зборува за тој момент.

„Не би зборувал за тоа сега, мислам дека ќе биде и официјално наскоро“.

Чупиќ има само една желба во продолжение на сезоната.

„Сакам да се вратат навивачите и кога ќе дојде крајот да им се заблагодарам за неверојатните пет сезони во мојата кариера. Ми недостига тој здив на трибините кој нас не носеше, како во клубот така и во репрезентацијата. Навивачите на Вардар се мојата надрага публика и ќе биде жално ако немам шанса да им се заблагодарам за се“, изјави Чупиќ за „Спортксе новости“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk