logo
logo
logo

Чудесниот Јокиќ ита кон МВП титулата, 38 поени на Дончиќ во поразот од Портланд (ВИДЕО)

Vecer | 20.03.2021

Чудесниот Јокиќ ита кон МВП титулата, 38 поени на Дончиќ во поразот од Портланд (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ одново се во центарот на вниманието во НБА-лигата, во која се одиграа десет натпревари.

Српскиот репрезентативен центар продолжува да ита кон МВП признанието. Зад него е уште една феноменална вечер и секако победа на својот тим. Јокиќ го предводеше Денвер до триумф над Чикаго од 131-127 по продолжение. Беше на асистенција до трипл-дабл. Зад своето име запиша 34 поени, 15 скока и 9 асистенции.

За Денвер ова беше трета победа во низа, вкупно 25. за освојување на петото место на табелата во Западната конференција.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=v-v1YvpBKgI[/embed]

Слична партија пружи и Лука Дончиќ, но истата не беше доволна за победа на Далас, кој беше совладан на гости кај Портланд со 125-119. Словенецот имаше 38 поени, 9 скока и 9 асистенции. На другата страна кај домашниот состав, МекКолум имаше 32 поени, додека Лилард запиша еден помалку.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=gvtUD6pXrkA[/embed]

Резултати: Бостон – Сакраменто 97-107, Кливленд – Сан Антонио 110-116, Мајами – Индија 110-137, Орландо – Бруклин 121-113, Торонто – Јута 112-115, Хјустон – Детроит 100-113, Мемфис – Голден стејт 103-101, Феникс – Минесота 113-101.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk