logo
logo
logo

Чудесен хет-трик на Дибала (ВИДЕО)

Vecer | 26.02.2024

Чудесен хет-трик на Дибала (ВИДЕО)

Рома запиша нова победа, откако на домашен терен славеше против Торино со 3-2 во рамките на 26. коло во Серија А. Во центарот на вниманието се најде Паоло Дибала, беше стрелец на сите три гола на својот тим.

Аргентинецот од пенал во 42. минута донесе предност за Рома. Две минути подоцна Запата изедначи на 1-1. Дибала со својот втор погодок во 58. минута зголеми на 2-1, додека третиот гол го постигна в0 69. минута. Торино успеа да го ублажи поразот благодарение на автоголот на Хуијсен во 89. минута.

Рома ја продолжи серијата одлични резултати со Даниеле Де Роси, сега е шеста со 44 бода, два помалку од Аталанта и четири повеќе од Болоња, додека Торино е на средината на табелата со 36 бодови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk