logo
logo
logo

Чернишов: Беласица за мене е голем предизвик, не чека многу работа со младите и екстра талентирани фудбалери

Vecer | 06.03.2021

Чернишов: Беласица за мене е голем предизвик, не чека многу работа со младите и екстра талентирани фудбалери

И тоа се случи. Како што Спортмедиа екскулизвно објави, во моментите кога на Беласица и е најтешко, доаѓа веројатно најголемото тренерско име кое некогаш седнало на клупата на еден наш прволигаш. Ни помалку ни повеќе туку руската фудбалска легенда, Андреј Чернишов кој по оставката на Ѓоре Јовановски доаѓа да го спасува клубот од најлошото.

„Во моментите кога немав ангажман ме контактираа луѓето кои во моментов го водат клубот Беласица, поточно Бојан Захариев и искрено не се мислев премногу дали да дојдам. Кој ме познава лично знае дека не се плашам од предизвици, а Беласица во моментов е еден од оние вистинските. Да, има резултатски проблеми, тоа е реално, но мислам дека со добра работа, желба и волја имаме шанси да направиме нешто. Погледнав неколку мечеви од екипата, добив првични информации, утре ќе го гледам мечот против Академија Пандев од трибините, а во понеделник почнувам со работа“ – изјави Андреј Чернишов, специјално за Спортмедиа. 

„Знам дека Струмица, и целиот овој регион тука е преполн со млади и перспективни фудбалери, а дел од нив се и во моментов членови на Беласица. Сигурен сум дека во нив има огромен потенцијал, и се радувам на тоа што ќе имам можност да работам со нив, да им пренесам дел од моето искуство, знаење. Во Беласица има огромен потенцијал за напредок“ – додава Чернишов.

Од друга страна пак управата на Беласица секако дека е презадоволна, што ете „коцките се поклопија“ и во нивниот табор пристигнува така сериозно тренерско фудбалко име.

„На големо задоволство на раководстовто на клубот и претседателот Славчо Васков Пинда во нашиот клуб доаѓа едно светско име. Секако дека со него, со неговото искуство квалитет и капацитет, ФК Беласица ќе биде на едно сосема поинакво ниво, и дека тој ќе ни помогне во голема мера да напреднеме како клуб, како фудбалски работници и нормално како фудбалери. Му благодариме што ја прифати нашата понуда, што пристигна во нашиот табор и се радуваме на соработката која што сигурни сме ќе биде плодна и долгорочна“ – велат од раководството на ФК Беласица. 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk