logo
logo
logo

Челзи со петка го “поздрави“ Вест Хем, Брајтон ја совлада Астон Вила! (ВИДЕО)

Vecer | 05.05.2024

Челзи со петка го “поздрави“ Вест Хем, Брајтон ја совлада Астон Вила! (ВИДЕО)

Попладнево во рамките на 35.коло во Премиерлигата се одиграа две средби. Челзи на свој терен со 5:0 го победи Вест Хем во градското дерби на Лондон. Ова е најголемата победа на “сините“ во историјата против “Чеканите“.

Одличен настап на момците на Маурицио Покетино па така со петка го “поздравија“ својот денешен ривал.

Серијата голови ја отвори Палмер во 15.минута, следуваше голот на Галагер, па потоа на Мадуеке за 3:0, резултат со кој се замина пауза.

Додека гостите ја гаѓаа стативата во три наврати и тоа преку Боувен, Челзи ја тресеше мрежата. Па така со головите на Џексон во 48. и 81.минута стави точка на оваа победа.

На вториот меч Брајтон со голот на Жоаа Педро во 87.минута дојде до триумф против Астон Вила.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk