logo
logo
logo

Челзи се врати од -2, му поништија гол за победа длабоко во судиското надополнување

Vecer | 27.04.2024

Челзи се врати од -2, му поништија гол за победа длабоко во судиското надополнување

Домашната Астон Вила одигра одличен натпревар на Вила Парк со Челзи, а конечниот резултат од натпреварот од 35. коло заврши 2:2.

Веќе во 4. минута Марк Кукурела немаше среќа, топката го погоди и влезе во голот и домашните поведоа со 1:0. Четири минути подоцна Дињ имаше добра шанса, шутираше, но топката помина само покрај голот на Челзи.

Гостите имаа добра шанса за израмнување во 34. минута преку Николас Џексон, но напаѓачот на Челзи ја погоди стативата. Астон Вила поведе со 2:0 во 42. минута од натпреварот, а токму Роџерс со убав удар од далечина го матираше Петровиќ.

Мадуек во 62. минута намали на 2:1 и навести за подобра игра на Челзи во вториот дел. После тоа мечот беше без многу реални шанси се до 81. минута кога Галагер постигна многу убав гол за израмнување.

Шанса да му донесе ново водство и веројатно победа на домашните во 88. минута пропушти Оли Воткинс, кој од добра позиција шутираше високо над голот.

Фудбалерите на Челзи мислеа дека постигнале целосен пресврт во 95. минута, но голот на Дисаси беше поништен по прегледот во ВАР просторијата поради прекршок во нападот.

По ова коло Астон Вила остана на 4. место на табелата со 67 освоени бодови. Тоа е седум повеќе од Тотенхем, кој има дури три натпревари помалку. Челзи е на деветтата позиција со 48 бодови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk