Челзи ја продолжи неверојатната серија во Премиерлигата и оствари уште една голема победа, овој пат пред своите навивачи против екипата на Брентфорд од 2:1. Овие три бода за „сините“ се чекор поблиску до самиот врв на табелата, затоа што сега заостануваат само два бода зад лидерот Ливерпул, но имаат и меч повеќе од „црвените“.
Победата на лондончани ја најави Кукуреља со голот во 43. минута, додека Николас Џексон во 80. минута веќе зголеми и на 2:0. Голот надеж за „пчелите“ беше дело на Мбеумо во 90. минута.
Тотенхем, пак, вечерва во едно полувреме го наполни голот на Саутемптон и обезбеди нови три бода. Момците на Постекоглу како фурија го отворија мечот и за само 15 минути има апредност од 0:3. Прв погоди Медисон уште во 1. минута, а по него во 12. Сон и во 14. Кулушевски.
Сар во 25. минута зголеми и на 0:4, додека конечните 0:5 ги постигна Медисон со својот втор гол во судиското продолжение од првиот дел. Во второто полувреме Тотенхем само рутински го приведе мечот до крај.