logo
logo
logo

Челзи ќе му понуди на Тухел нов договор

Vecer | 12.05.2021

Челзи ќе му понуди на Тухел нов договор

По пласманот во финалето на ЛШ, како и добрите настапи во вториот дел од сезоната во Премиер лигата раководството на Челзи ќе му понуди нов договор на менаџерот Томас Тухел, пренесува „Дејли меил“. Тухел седна на клупата на Челзи на 26 јануари оваа година со тоа што потпиша договор на 18 месеци. Челзи моментално има 64 поени по 35 кола и е четврти на табелата. „Сините“ ќе играат против Манчестер Сити во финалето на ЛШ како и против Лестер во финалето на ФА купот.

Според „Дејли меил“ Челзи ќе му понуди нов двегодишен договор на Тухел со можност да го продолжи на уште една година. Со тоа Тухел ќе добие можност длабоко и детално да го анализира тимот и време да го реконструира и да го направи шампионски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk