logo
logo
logo

Челзи извади „тешка артилерија“: 100 милиони + Зијех за Енцо Фернандез!

Vecer | 25.01.2023

Челзи извади „тешка артилерија“: 100 милиони + Зијех за Енцо Фернандез!

Челзи испратил најнова понуда до Бенфика за играчот од средниот ред Енцо Фернандез. „Сините“ од Лондон по секоја цена сакаат да го затворат зимскиот преоден рок со потпис со аргентинскиот репрезентативец.

Најновата понуда која стигнала вчера во канцеларијата на Бенфика е 100 милиони евра, плус мароканскиот фудбалер Хаким Зијех кој би заминал во Лисабон како замена за аргентинскиот играч.

Бенфика претходно ги отфрли сите понуди на Челзи да го ангажира Фернандез, зато ашто ниту една не го исполни нивното барање, а тоа е сума од 120 милиони евра.

Енцо Фернандез стана светски шампион со Аргентина и беше прогласен за најдобар млад играч на СП во Катар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk