logo
logo
logo

Чаби Алонсо го откри планот за Килијан Мбапе

Vecer | 26.06.2025

Чаби Алонсо го откри планот за Килијан Мбапе

Фото: Реал Мадрид X

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, разговараше со медиумите пред последниот натпревар од групната фаза на Светското клупско првенство против РБ Салцбург. Тој зборуваше за состојбата на Килијан Мбапе, кој и натаму не е во составот, планот е целосно да се опорави и да биде достапен за осминафинале, доколку се пласираат.

„Ферлан Менди има долгогодишна повреда и мора да почекаме да се опорави. Камавинга добро се опоравува и се надеваме дека наскоро ќе биде подготвен. Мбапе? Среќен сум што го гледам на теренот, но ова беше првиот ден кога облече фудбалски копачки. Тој е сè уште малку ранлив. Претпочиташе целосно да се опорави и да биде достапен за осминафиналето, ако се квалификуваме, се разбира“, започна специјалистот.

Чаби одговори на шпекулациите дека Реал можеби прави пресметки за да го избегне Манчестер Сити во 1/8-финалето.

„Не сум слеп и гледам што се случува, но ние размислуваме само за победа. Никој не размислува за ништо друго. Тимот е мотивиран. Не е нова сезона, но има нови лица и ентузијазам. Патем, сакам да им честитам на кошаркарските екипи за освојувањето на титулата. Се надевам дека сите ќе слават како што треба. Имаме две цели. Првата е да победиме за да бидеме први во групата. Втората е да го направиме тоа со единаесет играчи на теренот, откако добро се снајдовме со десет против противникот. Не е добра идеја да се размислува за ништо друго освен за победа. Тоа не е вистинската порака.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk