logo
logo
logo

БВА ќе ја рестартира Балканската одбојкарка лига?

Vecer | 24.01.2022

БВА ќе ја рестартира Балканската одбојкарка лига?

Една од главните точки на викенд Генералното собрание на Балканската одбојкарска асоцијација одржано во Скопје беше и реформирање на единственото клупско балканско натпреварување познато како БВА Куп. Со оглед на тоа што идејата за балканска одбојкарска клупска лига никогаш не заживеа во својот полн сјај, на Собранието во Скопје 11-те земји членки повторно дискутираа за начинот на нејзино возобновување.

„Генерален заклучок е дека Балканската лига е потреба, но не во ваква форма каква што беше досега. Досега во БВА Купот играа екипите кои не се пријавуваа за европските купови. Зборувавме и ние како иницијатори нафрливме неколку предлози кои треба детално да бидат разгледани на состанокот на техничката комисија на БВА закажан за март/април оваа година. Идејата е веќе со стартот на следната сезона да се врати БВА Купот, но не во вид на еден турнир, туку на лига која ќе трае низ целата сезона и на која ќе учествуваат дел од најсилните тимови од регионов. Дали ќе биде организирана во две групи со по 4 екипи, кои би играле 4 турнири и еден Ф4 турнир, или ќе се игра на неделно ниво, се ќе зависи од финансиите. БВА треба да се обиде да најде финансиска поддршка за клубовите кои ќе учествуваат во натпреварувањето, барем за судиски и патни трошоци. Ако направиме таков исчекор, во оваа лига ќе учествуваат дел од најдобрите регионални тимови и навистина ќе личи на едно сериозно регионално натпреварување“, вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

На состанокот на техничката комисија треба да се разгледаат и останатите заклучоци од собранието и верификување на домаќините-организатори на балканските првенства во репрезентативна конкуренција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk