logo
logo
logo

БУНДЕСЛИГА: Баерн избега на +7, Ајнтрахт сопрен во Менхенгладбах (ВИДЕО)

Vecer | 17.04.2021

БУНДЕСЛИГА: Баерн избега на +7, Ајнтрахт сопрен во Менхенгладбах (ВИДЕО)

Баерн Минхен оствари нова победа во Бундеслигата, со што избега на +7 во однос на второпласираниот Лајпциг, и се доближи до нова титула.

Баерн за кратко време поведе со 0:2 с оголовите на Мусиала и на Чупо-Мотинг. Меѓутоа Волфсбург се врати со гол на Вергорст, а потоа Мусиала донесе +2.

Во вториот дел Филип само намали за победа од 2:3.

Се очекуваше интересен меч во Менхегладбах, каде домашниот тим Борусија го пречека Ајнтрахт. Меѓутоа домашната екипа славеше со 4:0, и со тоа даде надеж на Борусија Дортмунд во битката за четвртото место. Головите за „Менш“ ги дадоа Гинтер, Хофман, Бенсебаини и Волф.

Шалке убедливо беше поразен од Фрајбург (4:0), и веќе следното коло тимот од Гелзенкирхен веќе може и официјално да биде испаднат од Бундеслигата. Аугзбург и Арминија одиграа без голови, а Унион Берлин го совлада Штутгарт со 2:1.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk