logo
logo
logo

“БУМ“: Унаи Емери добил повик од Реал Мадрид?!

Vecer | 29.01.2026

“БУМ“: Унаи Емери добил повик од Реал Мадрид?!

ФОТО: Aston Villa FC/FB

На сите им е јасно дека Алваро Арбелоа што и да направи нема шанси да биде долгорочното решение за клупата на Реал Мадрид. Тој е само привремено решение до крајот на сезоната. Посебно по она што се случи синоќа во Лисабон.
Се шпекулираше дека Јирген Клоп е првиот избор на Флорентино Перез, но Германецот не изгледа премногу заинтересиран за враќање на тренерската работа. Во моментов нема многу опции на пазарот, па Реал ќе мора да се послужи со „сила“ за да не ја одвои својата желба од клубот каде што работи.
Попладнево, Патрик Бергер од германски Скај го објави најнеочекуваното име со кое Реал контактирал за летото – Унаи Емери!
Човек кој има дури четири трофеи од Лигата на Европа во своето резиме, тие феноменални години во Астон Вила со кои настапуваше и во Лигата на шампионите, го препорачуваат најголемите. Но, Реал е друга димензија.
Емери се обиде во средината работејќи во Пари Сен Жермен, но немаше успех. Бергер вели дека импресионирал голем број луѓе во раководството на Реал, но пречка сигурно ќе биде неговиот договор со Виља до 2029 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk