logo
logo
logo

Букер со тројка во последните секунди ја продолжи кризата на Далас

Vecer | 02.02.2021

Букер со тројка во последните секунди ја продолжи кризата на Далас

Кошаркарите на Далас Маверикс го забележа и шестиот последователен пораз во НБА лигата. Момците од Тексас и вторпат во последните четири дена загубија од Феникс Санс, овој пат дома со минимални 109:108.

Автор на победата на „сонцата“ од Аризона беше Девин Букер кој успеа да погоди тројка за победа на 1,6 секунди до крајот, а Дончиќ го имаше последниот шут од преку осум метри, но со звукот на сирената не успеа да донесе триумф за Мавс.

Феникс сега има скор 11-8, а најзаслужен за успехот синоќа беше Букер кој постигна 24 поени. Лука Дончиќ постигна 25 поени, но Далас останаа на само 8 победи во 21 одигран меч досега.

Милвоки го совлада Портланд со 134:106, во меч во кој немаше дилема за победникот од самиот почеток. Јанис Адетокумбо помина само 26 минути на теренот и постигна 18 поени, а најефикасен беше Холидеј со 22 поени.

Хјустон беа убедливи за своја шеста победа по ред совладувајќи ја Оклахома Сити со 136:106. „Ракетите“ се веќе со скор 10-9, а за победата најзаслужен беше Ерик Гордон со 25 поени.

НБА СИНОЌА:

Атланта – ЛА Лејкерс 99:107

Мајами – Шарлот 121:129 (п)

Чикаго – Њујорк 110:102

Кливленд – Минесота 100:98

Милвоки – Портланд 134:106

Њу Орлеанс – Сакраменто 109:118

Оклахома – Хјустон 106:136

Далас – Феникс 108:109

Сан Антонио – Мемфис 102:133


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk