logo
logo
logo

Буфон потврди дека го напушта Јувентус: „Готово е, заминувам!“

Vecer | 11.05.2021

Буфон потврди дека го напушта Јувентус: „Готово е, заминувам!“

Италијанскиот ветеран Џанлуиџи Буфон го потврди она што со денови кружи низ медиумите дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Јувентус затоа што торинскиот клуб нема да му го продолжи договорот. 43-годишниот Буфон се врати во Торино во јули 2019 година по една сезона во ПСЖ, а актуелниот договор му истекува во јуни и светскиот шампион со Италија почувствува дека е време за разделба со „Старата дама“.

Дојде време за разделба. Ова е убаво и долго искуство со Јувентус кое дефинитивно ќе заврши на крајот на оваа сезона. Чувствувам дека му дадов се на Јувентус. Добив многу од него и веќе нема што да се направи. Не знам што ќе биде потоа. Ќе видам дали ќе престанам да играм или ќе најдам мотивација да продолжам или ќе продолжам да работам нешто друго“, вели Буфон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk