Одличниот Бруно Фернандеш игра екстра квалитетно за Манчестер Јунајтед и без сомневање е алфа и омега на тимот од „Олд Трафорд“. Ретко кој можеше да се надева дека за нешто помалку од 1,5 тој ќе стане прв играч на Јунајтед кога минатиот јануари направи трансфер од Спортинг во Манчестер.
Синиоќа неговиот тим иако го загуби големото дерби со Ливерпул, сепак за Португалецот може да биде утеха фактот дека тој го урна рекордот на Франк Лампард, а тоа е најмногу голови во една сезона постигнати од играч за врска.
Вчера Бруно го постигна својот 18 гол за Јунајтед сезонава и со тоа не само што се запиша во историјата на Премиерлигата туку го урна и досегашниот рекорд кој го држеше Франк Лампард, легендарниот играч за врска на Челзи.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата