Шокантна вест пристигна од Белгија, каде што е уапсен познатиот фудбалер Раџа Наинголан (36) во рамките на истрагата за шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа.
Апсењето на поранешниот белгиски интернационалец е дел од пошироката истрага за организиран криминал која се фокусира на дистрибуција на кокаин во оваа земја.
Обвинителот посочи дека нема да има детали или коментари за истрагата која е во тек.
Контроверзниот фудбалер за деловен партнер го има Ибрахим Ахмадун, кој претходно беше поврзан со увоз на кокаин и беше осуден во САД во 2016 година.
Наинголан најголемиот дел од кариерата го помина играјќи во Италија, а беше шампион со Интер во сезоната 2020/21. Неодамна му се приклучи на Локерен и постигна гол на своето деби за да заработи бод против Лирс. Тој натпревар се одигра само три дена пред фудбалерот да биде уапсен.
Nainggolan is maandagochtend opgepakt door de federale gerechtelijke politie van Brussel en wordt momenteel verhoord. https://t.co/4J3I1zgOz0 pic.twitter.com/xDPnw71FDP
— sporza (@sporza) January 27, 2025
Клубот веста за новиот играч ја слушнал преку белгиските медиуми.
- Бидејќи истрагата се уште е во тек, полициските служби не сакаат и не можат да дадат дополнителни коментари. Тие го почитуваат принципот на презумпција на невиност и како клуб се согласуваме со тоа. Можеме само да потврдиме дека играчот утрово не беше присутен на тренингот“, се вели во соопштението.
Наинголан за белгиската репрезентација одигра 30 натпревари и постигна шест гола. Играше и на Европското првенство во 2016 година, каде постигна два гола.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата