logo
logo
logo

Бразилски фудбалер го покажа уништениот стан во Петах Тиква по ракетниот напад на Хамас!

Vecer | 14.05.2021

Бразилски фудбалер го покажа уништениот стан во Петах Тиква по ракетниот напад на Хамас!

И натаму не е мирно околу појасот Газа, каде веќе неколку дена Израелците и Палестинците војуваат. Јасно е дека, како и во секоја војна, така и во оваа прво страдаат цивилите.

Еден од оние на кои му беше уништен станот е и Хигор Видал, интернационалец од Бразил кој игра за Хапоел Петах Тиква.

Тој јавно на својот Инстаграм профил ги покажа снимките кои се страшни, а притоа не заборави и да искоментира за тоа кој е вистинскиот виновник за целата оваа ситуација.

Ова е мојот стан во Петах Тиква после нападот на Хамас. Оваа снимка ви кажува какви се тие луѓе.Се однесуваат како животни, напаѓаат невини цивили како што сум јас, мојата сопруга, моите деца. Престанете да зборувате дека Израел ја напаѓа Газа, ве молам. Од Газа напаѓаат невини луѓе во Израел. Немојте да им верувате на медиумите кои говорат дека Израел убива невини цивили во Газа, зошто тоа не е вистина. Израел само се брани од терористите. Ова никој не го заслужува“ пиша Видал.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk