logo
logo
logo

Бостон обезбеди плеј-оф, Индијана и Вашингтон за последното место на Истокот

Vecer | 19.05.2021

Бостон обезбеди плеј-оф, Индијана и Вашингтон за последното место на Истокот

Кошаркарите на Бостон се пласираа во плеј-офот во НБА лигата откако синоќа во меч од плеј-ин делот славеа дома над Вашингтон со 118:100. Визардс ќе имаат шанса да се борат за плеј-офот со Индијана Пејсерс, која уште поубедливо го совлада Шарлот Хорнетс со 144:117.

Селтикси ќе се сретнат со Бруклин Нетс во првото коло од плеј-офот, откако синоќа имаа одлична серија на почетокот на вториот дел кога Вокер и Татум му донесоа на својот тим двоцифрена предност со серија од 22-4.

Теверојатниот Тејтум со 50 поени, 8 скока и 4 асистенции практично на свој грб го понесе Бостон кон плеј-офот, додека Кемба Вокер запиша 29 поени.

Индијана иако ослабена без Керис Леверт Тарнер, Ворен и Ламб, сепак, успеа да го добие тимот на Шарлот со убедливи 144:117. Брисет беше најефикасен со 23 поени, а Даг Мекдермот заврши со 21 поен.

Вашингтон и Индијана во клучниот меч за плеј-оф ќе се сретнат ноќта меѓу четврток и петок.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk