logo
logo
logo

Борна Соса ќе игра за репрезентацијата на Германија

Vecer | 09.05.2021

Борна Соса ќе игра за репрезентацијата на Германија

Голем, огромен потрес во јавноста во Хрватска предизвика информацијата дека нивниот интернационалец и некогашен младински репрезентативец, а сегашен член на тимот на Штутгарт во Бундес лигата, Борна Соса, доби повик и одлучи истиот да го прифати да настапува за репрезентацијата на Германија.

По малку несекојдневно но во реалноста поприлично остварливо, Борна Соса одигра фантастична сезона во дресот на „Швабите“ има десет асистенции зад себе, а игра на левата бековска позиција. Директорот на Германската репрезентација Оливер Бироф пред неколку недели го контактирал, го договорил и започнала процедурата за добивање по итна постапка пасош за Соса, но и промена на спортскиот пасош затоа што тој секако има настапи за младите селекции на Хрватска. Голем плус во сето ова има фактот што мајката на Соса е родена во Германија.

Ова предизвика огромна бура на реакции во јавноста во Хрватска, затоа што едните Соса го сметаат за предавник, останатите ја оправдуваат одлуката затоа што едноставно тој за сениорската селекција на Хрватска досега не добил шанса. Има 24. години, и пред извесно време дури и самиот ги известил директорите во хрватскиот фудбалски сојуз што се случува, дека има понуда да заигра за Германија и дека треба да се реагира. На ова хрватите останале неми, и се случи тоа што се случи.

Соса во опширно интервју за хрватскиот портал Индекс ја објасни целата ситуација, и вели дека ова за него едноставно е бизнис одлука и дека никој не треба да му се лути. Кога не и е потребен на Хрватска, а очигледно не и е, тогаш Германија ќе ја искористи таа можност и ќе го прифати еден од најдобрите леви бекови во Европа во моментов, кој има понуда од Баерн Минхен која што исто така летово веројатно ќе ја прифати.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk