logo
logo
logo

Борба за власт во Баерн Минхен, си заминува спортскиот директор!?

Vecer | 03.04.2025

Борба за власт во Баерн Минхен, си заминува спортскиот директор!?

Не е лесно да се биде дел од фудбалски гигант во кој на годишно ниво се трошат стотици милиони евра, и каде што влијанијата од сите страни се екстремно силни. Баерн Минхен е еден од најголемите клубови на светот, важноста на овој спотски фудбалски колектив во Германија се рамни со институциите на системот, па раководните структури кои што го водат клубот важат за едни од највлијателните во земјата.

Токму затоа, јавноста таму во моемнтов шпекулира дека избројаните се деновите на во моментов спортскиот директор на клубот, Макс Еберл. Тој важи за еден од најспособните луѓе во  Германија за оваа позиција, и Баварците имаа тешка задача да го доведат пред неколку години. Прво од Борусија Менхенгладбах, а потоа и од Ред Бул Лајпциг, каде што за него платија и обештетување. Но Еберл очигледно дека не може да се помири дека во Баерн Минхен постојат имиња како Ули Хенес на пример кој што и покрај тоа што нема никаква функција во моментов во клубот, сепак има огромно влијание во одлуките. Токму затоа, Еберл и Хенес не се на иста бранова должина, а влијанието на Хенес е далеку поголемо од она на Еберс, па се знае кој на крај ќе си замине.

Како параван за смената на Еберл ќе се сметаат неговиот неуспех да се доведат Дани Олмо, Чави Симонс, како засиливања, промашувањата како Палиња и Саша Бој за кои се потрошени осумдесет милиони евра. Исто така непсособноста да се доведат на тренерското место имиња како Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник, за да на крајот Баерн заврши со Винсент Компани како тренер.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk