logo
logo
logo

“Бомба“ од Германија: Јирген Клоп сериозно размислува да се врати на тренерската работа, има две опции!

Vecer | 15.01.2026

“Бомба“ од Германија: Јирген Клоп сериозно размислува да се врати на тренерската работа, има две опции!

ФОТО: Јurgen Klopp/X

И тоа каква “бомба“ од Германија. Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, сериозно размислува да ја продолжи тренерската кариера и е сосема реална опција за нов тренер на Реал Мадрид, објавува авторитетниот германски новинар Флоријан Плетенберг.

Клоп беше едно од главните имиња што веднаш се појавија во печатот по изненадувачкото отпуштање на Чаби Алонсо во понеделник, но потоа Клоп се дистанцира од таква можност. Сепак, Плетенберг тврди дека сегашниот спортски директор за фудбалски прашања во концернот Ред Бул, сериозно размислува да се врати на тренерската клупа и има најмалку два проекта што сериозно би го привлекле вниманието на тренерот – имено работата на Сантијаго Бернабеу и позицијата во германската репрезентација, која моментално ја зазема Јулијан Нагелсман, но ова би можело да се промени на лето по Светското првенство во 2026 година.

Според различни извештаи, Клоп, кој направи пауза од тренерската работа во летото 2024 година, е подготвен да слушне разни понуди во наредните месеци и би можел да се врати во професијата доколку се појави навистина соодветна понуда што доволно го искушува.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk