Дисциплинските органи при УЕФА одлучија дека тимот на Галатасарај ќе мора својот дуел од Лигата на Шампионите против тимот на Луверпул на гостински терен да го одигра без своите навивачи затоа што клубот е казнет поради нивното однесување на последното гостување, она против Јувентус во Торино.
УЕФА донесе одлука дека Галатасарај не смее да им продава билети на своите навивачи за ова гостување и треба да плати казна поради палењето на факели, фрлањето на предмети и некоректното однесување во Торино.
При што родител и ќерка поради факелите полесно беа повредени.