logo
logo
logo

Блесни ДИЈАМАНТУ: Елиф Елмас – мангупот од скопскиот асфалт!

Vecer | 13.06.2021

Блесни ДИЈАМАНТУ: Елиф Елмас – мангупот од скопскиот асфалт!

Можеби од капитенот Горан Пандев очекуваме најмногу, сепак се знае кој е капитен. Но една друга наша ѕвезда чекаме да блесне на ова ЕП, да покаже зошто голем број познати портали од Европа го посочуваат како една младите ѕезди кои треба на ова ЕП да остават белег.

Тоа е Елиф Елмас, нашиот Дијамант, легитимниот наследник на Панчев и Пандев.

Фудбалски виртуоз како што милува да го нарече нашиот стручен коментатор Виктор Треневски.

Фудбалско мајсториште како што ние го нарекуваме.

Елиф Елмас е магупот од скопскиот асфалт. Ја има сета потребна спортска дрскост, тој е роден победник. Не само што беше и е мега- талент, туку е и бескомпромисен борец кој никогаш не признава пораз.

Само тој од сите во нашата репрезентација изјави дека Македонија на ова ЕП ќе забележи три победи, само тој беше дециден и кажа дека Македонија на ова ЕП ќе оди во следната фаза, и тоа сигурно.

Е, па, Елиф досега блескаше во ПМФЛ во дресот на Работнички, во Турција, во Италија на моменти, ах, тој Гатузо, сега е време да блеснеш на големата европска сцена. Ти си играч кој вреди злато, бадијала го немаш прекарот Дијамант.

Сега е време сето свое знаење и победнички дух да го покажеш на дело. Заедно со бате Горан и со останатите да ни донесеш радост на првиот историски меч за Македонија на едно ЕП.

Ти тоа го можеш…секако.

БЛЕСНИ ДИЈАМАНТУ… на наша радост….!

Блескај како што блескаше во Дизелдорф, кога успеа во 85.година да ја урнеш моќната Германија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk