logo
logo
logo

Битка за Скопје број 154: Работнички не го заборави поразот од МЗТ Скопје

Vecer | 14.04.2021

Битка за Скопје број 154: Работнички не го заборави поразот од МЗТ Скопје

Градските ривали, МЗТ Скопје и Работнички продолжуваат со пеколниот ритам. И двата тима на два дена ги одигруваат заостанатите мечеви кои им се насобраа поради АБА 2-обврските во изминатиот период.

На ред дојде меѓусебната пресметка за Скопје, а домаќин на дербито број 154. е тимот од Аеродром. Не е далеку нивниот дуел во второлигашкото јадранско натпреварување. Пред речиси месец и пол, МЗТ Скопје излезе како победник со 84-82. Работнички имаше двоцифрена негатива во третата четвртина, но и покрај успеа да се врати во игра, на крајот остана без бодовите.

Избраниците на Димитар Мираковски не го заборавија поразот, на овој натпревар ќе влезат со голема самодоверба, зад себе имаат серија од пет победи во низа, вкупно 11 сезонава. Тимот од „Градски парк“ е на осмото место на табелата, додека пак на другата страна МЗТ Скопје има една победа помалку и се наоѓа на десетата позиција.

По болниот пораз во Гостивар, Дарко Радуловиќ и неговите момци врзаа два триумфи и покрај тоа што имаат проблеми со повредите.

Работнички има добиено 90 меча, додека МЗТ Скопје славеа на 63.

Последните три средби меѓу градските ривали беа навистина тесни, вакво сценарио се очекува и денеска во 16 часот.

Во истиот термин силите ќе ги одмерат Еуроникел и Куманово.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk