logo
logo
logo

Билд: Тухел го направи потребниот „рез“ во соблекувалната

Vecer | 07.06.2023

Билд: Тухел го направи потребниот „рез“ во соблекувалната

Не е тајна дека летово од тимот на Баерн Минхен ќе си отидат многу играчи. Причината за тоа е што клубот имаше очајна сезона, а и Томас Тухел кој е релативно нов на местото тренер сака да си создаде своја екипа.

Па така, поради сето ова, денешен Билд пренесува дека Тухел веќе направил список на оние на кои нема да смета.

Во прв ред тоа е Садио Мане, човекот кој требаше да го замени Левандовски, но беше се само не замена за полјакот. Следни се Лирој Сане односно Серж Гнабри. И обајцата се големи звезди, со огромни примања, но Тухел ете, смета дека Баерн треба без нив да продолжи понатаму.  Десниот бек Боуна Сар исто така мора да наоѓа нов клуб, а Александер Нубел голманот кој е на позајмица во Монако му е кажано дека слободно може да бара откуп од клубот од Кнежевството.  Марцел Забицер во моментов е дел од Манчестер Јунајтед како позајмен фудбалер, а враќање во матичниот Баерн според Билд и тоа како не е повеќе опција.

Конечно, листата се завршува со францускиот дефанзивец Бенјамин Павард. Тој самиот сака да си замине поради малата минутажа, и желбата ќе му биде исполнета.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk