logo
logo
logo

Биелса не го поштеди Алиоски, одигра 90 минути во победата над Шефилд

Vecer | 03.04.2021

Биелса не го поштеди Алиоски, одигра 90 минути во победата над Шефилд

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра 90 минути во победата на Лидс над Шефилд Јунајтед со 2:1 во 30. коло од Премиер лигата. Алиоски одигра три меча за Македонија во период од една недела, а сега веднаш беше фрлен на терен во Премиер лигата. Херисон го доведе Лидс во предност, а изеднчи Осборн. Со реми се отиде на пауза.

Само што почна вториот дел дефанзивецот на Шефилд Фил Јагиелка му подари гол на Лидс кој се покажа доволен за победа.

Лидс ја впиша 13-тата победа, а Шефилд 24. пораз и идната сезона сигурно ќе игра во Чемпионшип.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk