logo
logo
logo

Биелса: Богатите стануваа побогати, бедните стануваат уште победни...

Vecer | 22.04.2021

Биелса: Богатите стануваа побогати, бедните стануваат уште победни...

Аргентинскиот стратег Марсело Биелса ја посочи болната вистина не само во денешниот фудбал, туку и во денешниот свет. Идејата за формирање на Суперлигата е стопирана, но раководителите не се откажуваат од неа. Порано или подоцна ќе успее. Биелса ја кажа суровоста на модерниот свет кои се одразува и на фудбалот.

Она што се случува не ме изненадува. Во секоја сфера на животот, секој си мисли само за себе и не му е гајле другите. Во трката по што поголеми финансиски средства забораваат на се друго. Богатите стануваат побогати, слабите стануваа победни. Таква е ситуацијата и во фудбалот. Има многу структури кои треба да го спречат тоа. Да бидам искрен, не ме изненади тоа што се формира Суперлигата, затоа што тоа се случува во сите сфери во животот па зошто би било поинакво во фудбалот“, изјави Биелса кој е тренер на Лидс.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk