logo
logo
logo

Бензема конечно проговори за односот со Жиру, и за враќањето во репрезентацијата

Vecer | 25.05.2021

Бензема конечно проговори за односот со Жиру, и за враќањето во репрезентацијата

Карим Бензема одамна го немаше во националниот дрес. Од 2015 година кога последен пат беше дел од „Триколорите“.

Убедливо најдобриот Француски напаѓач во изминатите години немаше дозвола да настапува за националниот тим поради скандалите надвор од теренот, но селекторот Дидие Дешамп направи огромни напори за тој да биде вратен и успеа во тоа.

Обавени беа голем број на разговори, на релација Дешамп – раководство на федерација – Бензема и истите вцродија со плод па играчот  на Реал Мадрид се најде на списокот патници за Европското првенство.

Сега, откако тоа е средено, се појави друг проблем. Како ќе функционирааат Карим Бензема и Оливие Жиру напаѓачот на Челзи за кого се знае дека не се во добри односи.

Пред извесно време Бензема замоли еден новинар да не го споредува Жиру затоа што тоа е како да споредуваш Формула 1 со картинг.

Веднаш потоа Жиру објави негова слика со пехарот од последниот Мундијал во Русија и златниот медал, каде што нормално Бензема не присуствуваше.

Сепак, на сите овие превирања и шпекулации крај им стави токму Бензема со изјава околу односот со Жиру.

„Немаме никаков проблем. Напротив, кога игравме против Челзи разговаравме и сега сме „кул“. Си честитавме на головите, и се ќе биде во ред, се ќе биде како порано“ – изјави Бензема.

Дресовите на Франција продавани како никогаш порано

Бензема нема да ја носи неговата традиционална деветка во репрезентацијата сега, па го одбра дресот со број 19. Истиот ја зоглеми продажбата на дресовите на репрезентацијата на Франција за неверојатни 2400 пати.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk