logo
logo
logo

Бензема го донесе Реал (М) на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Vecer | 22.04.2021

Бензема го донесе Реал (М) на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Иако десеткуван Реал Мадрид славеше на гостувањето во Кадиз убедливо со 3:0 и се израмни по бројот на бодови со Атлетико (М) на врвот во Ла Лига. Момците на Зидан на ова гостување заминаа без Серхио Рамос, Валверде, Лука Модриќ, Менди, Тони Крос, Лукас…, но тоа не им пречеше да дојдат до прилично лесна и убедлива победа.

Карин Бензема имаше уште една фантастична вечер и беше првиот во низата кои погодија трипати за само 10 минути. Французинот го постигна водечкиот гол од белата точка во 30 минута, што беше прв пенал за Реал Мадрид по 26 натпревари.  Само три минути подоа Одриозола зголеми на 2:0, а во 40. веќе беше и 3:0, со вториот гол на Бензема.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk