logo
logo
logo

Белорусите останаа без селектор по дебаклот од Белгија

Vecer | 05.04.2021

Белорусите останаа без селектор по дебаклот од Белгија

Завршија првите три кола во квалификациите за СП во Катар, а еве ја и првата селекторска смена. Белорусија остана без селектор откако Михаил Маркел го напушти кормилото по оној разочарувачки пораз од Белгија (0:8) што е и најтежок во нивната историја.

Во извештајот на ФФ на Белорусија се наведува дека двете страни се согласиле да го раскинат договорот, додека името на новиот селектор не е познат.

Маркел ја презема репрезентацијата во јуни 2019 година, претходно работеше во младинските категории, а со У21 освои трето место на ЕП.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk