logo
logo
logo

Белингам пред дуелот со Арсенал откри кој збор постојано се повторува во соблекувалната

Vecer | 16.04.2025

Белингам пред дуелот со Арсенал откри кој збор постојано се повторува во соблекувалната

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, е уверен дека тимот има сили да ја надополни негативата од три гола и да го елиминира Арсенал во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Шпанскиот гигант загуби со 0-3 на првиот меч во Лондон пред една недела, но фудбалерите на Реал се решени да направат се што е во нивна моќ за да ги елиминираат лондончани пред своите навивачи на „Сантијаго Бернабеу“.

„Секогаш има неверојатна атмосфера на Бернабеу, енергијата е заразна, таа го вади најдоброто од нас. Од нас се зависи, исто така треба да ја почувствуваме нивната енергија и да дадеме се од себе за да ги направиме горди.

Најповторуваниот збор во соблекувалната е пресврт. Го слушнав милион пати во последната недела. Тоа многу нè мотивира. Бутрагењо еднаш ми кажа за пресвртот против Андерлехт, гледав видеа на ТикТок што ме мотивираат. Нема ништо што не сме направиле во Лигата на шампионите“, рече Белингам.

Тој и неговите соиграчи се свесни дека мора да бидат подобри од првата средба, повеќе посветени, да го покажат најдоброто.

“Во реваншот треба да видиме нешто многу подобро од она што го видовме на првиот натпревар. Повеќе посветеност, повеќе играње со топката… има многу работи. Мислам дека не дадовме се од себе, знаеме дека можеме да ги направиме работите многу подобро и тоа е она што сакаме да го покажеме. 

Ако трчате повеќе, имате повеќе шанси. Да, ова влијае на играта. Но, истото се случи минатата година: не истрчавме најмногу и не ја освоивме Лигата на шампионите. Треба да знаеме што значи да се трча од едниот до другиот крај на теренот. Кога влегуваме во вакви игри, сите очекуваат да направиме пресврт. Ќе биде многу комплицирано. „Клубот го направи тоа толку многу пати, затоа и очекувањата се толку големи“, додаде Белингам.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk