logo
logo
logo

Бејл си купува клуб во Англија!

Vecer | 16.06.2025

Бејл си купува клуб во Англија!

Како што пренесуваат медиумите на Островот, славниот Герет Бејл има намера да го купи Плимут, клубот кој што по две сезони минати во Чемпионшип испадна во третата по ранг лига во светот, но клуб кој оваа сезона беше хит во ФА Купот каде што стигна до полуфиналето.

Како што се пренесува, некогашната легенда на Тотенхем, а играше и во Реал Мадрид, веќе разговарал со сопствениците на клубот, уште повеќе дури им дал и понуда.

Инаку некогашниот репрезентативец на Велс го претставувал Инвестицискиот фонд од САД претставен од неколку компании.

Сеуште нема детали како се одвивале преговорите, но факт е дека на Плимут му бил неопходен свеж капитал за да може да го оствари амбициите.

ФОТО: Герет Бејл/Х


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk