logo
logo
logo

Бејл е заситен од фудбал, сака да се пензионира!?

Vecer | 18.02.2021

Бејл е заситен од фудбал, сака да се пензионира!?

Дека Велшанецот во дресот на Тотенхем, Герет Бејл е заситен од фудбалот и сака да ужива во шармот на стекнатото богатство, потврдува и неговиот агент Џонатан Барнет. Во последната негова изјава за медиумите, Барнет најави можно пензионирање на фудбалерот.

„Бејл ќе стави крај на својата кариера. Објаснување можете да најдете кај Мурињо. Бејл заработи многу пари и има доволно пари за да живее удобен живот до крајот на животот и се засити од се она што му се случува во последните години“, вели неговиот агент.

Бејл годинава се врати во Тотенхем на позајмица, но ниту под капата на Мурињо не успеа да ја врати старата слава. Тој и натаму е фудбалер на Реал (М), па по истекот на договорот со „кралевите“ сигурно ќе замине во пензија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk