logo
logo
logo

Баскет Кам успеа да израмни на 1-1 во женското финале

Vecer | 22.05.2021

Баскет Кам успеа да израмни на 1-1 во женското финале

Кошаркарките на Баскет КАМ по поразот на првиот натпревар од финалето на плеј-офот, денеска на свој терен, успеаја да го совладаат тимот на Бадел 1862 со 78:73 и да израмнат на 1:1 во пелј-оф серијата.

Екипата од Скопје парираше во првиот период, дури девојките во сино-жолта комбинација го добија таа четвртина со минимални (15:14).

А потоа еден урагански напад на Баскет КАМ. Кога сфатија дека не смејат повеќе да се однесуваат така на теренот, домашните кошаркарки почнаа да ја оправдуваат улигата на фаворит.

Посебно тоа се однесува на ударниот двоец, Гобељиќ-Митрашиновиќ, кои без „форсирање“, полека на сигурно, градеа преднсот која на полувремето изнесуваше дури 20. поени (56:36).

За само десет минути, екипата која ја води Јордан Цветановски даде тројно повеќе поени – 42, во однос на првата – 14. Овој двоец, потпомогнат со височината и десетте поени на Брајковиќ, искомбинира уште 39.поени во тоа прво полувреме.

Оттука стана јасно дека во Македонска Каменица нема да се случи ново изненадување, односно Бадел 1862, каде уште еднаш Александра Стојановска покажа дека со право е можеби и најдобрата во досегашниот дел од финалната серија.

Третиот дел од играта одново донесе нова драматика во ова второ финае. Баделки“ не се предадоа, напротив. Освен Стојановска, во поентерски елемент беше и Лазареска, дојде помош и од Максимовска, па по три одиграни четвртини, разликата беше двојно помала (70:60), во корист на екипата предизвикувач во големото финале. Бадел 1862 имаше и минус пет (71:76) во последната минута од ова второ финале. Но гостинската екипа не успеа да направи целосен пресврт, па сега серијата е израмнета на (1-1).

Следниот меч, многу извесно, ќе се игра на 26. мај (среда), одново во Скопје, каде домаќин е екипата на Бадел 1862.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk