logo
logo
logo

Баскет Кам поведе со 2:1 во финалето против Бадел

Vecer | 26.05.2021

Баскет Кам поведе со 2:1 во финалето против Бадел

Кошаркарките на Баскет Кам дојдоа до предност од 2:1 во финалната серија од домашниот шампионат. Денеска во Скопје, составот од Македонска Каменица го направи потребниот „брејк“ и славеше против Бадел 1862 со 71:59 за водство во финалната низа.

Со овој успех, Баскет Кам има две меч-топки за титулата и освојувањето на двојната круна оваа сезона. За разлика од претходните два натпревари од финалната серија, кошаркарките на Баскет КАМ имаа одлично „влегување“ во натпреварот број 3. Брзо направија висока предност, откако во 6. минута имаа 20:6, а две минути подоцна веќе беше 25:8.

Сличен беше развојот на настаните и во второто полувреме. Екипата од Македонска Каменица имаше и плус 26 (60:34), за на крајот дуелот да финишира со 71:59.

Митрашиновиќ беше на само скок до трипл-дабл ефект. Таа заврши со 15 поени, 11 асистенции и 9 скока.

Во сабота, во Македонска Каменица, следува четвртиот натпревар од финалната серија.

фото: КФСМ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk