logo
logo
logo

Барса си поигра со Џирона, Миовски остана на клупа

Vecer | 15.09.2024

Барса си поигра со Џирона, Миовски остана на клупа

Барселона си поигра со Џирона во денешниот меч од 5. коло на шпанската Ла Лига победувајќи на гостински терен со 4:0. Момците на Ханси Флик уште еднаш ја потврдија својата фантастична форма и во кус период успеаја да ги обезбедат бодовите.

Младиот Ламин Јамал со два гола во првото полувреме обезбеди предност за гостите од 2:0, а на самиот почеток на вториот дел со еден прекрасен погодок на Олмо, Барса поведе и со 3:0.

Четвртиот гол за гостите беше дело на Педри во 64. минута.

Џирона во финшот направи неколку замени, а Стуани успеа да погоди во 80. минута и да намали на 1:4. Нашиот Бојан Миовски остана на клупата за резерви и на овој меч.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk