logo
logo
logo

Знамето со сонцето од Кутлеш забрането во Хрватска: Важна информација за македонските навивачи

Vecer | 14.01.2025

Знамето со сонцето од Кутлеш забрането во Хрватска: Важна информација за македонските навивачи

Хрватската ракометна федерација го објави кодексот на однесување на навивачите што ќе бидат присутни во Пореч, Вараждин и Загреб на натпреварите од Светското првенство.

Нивното известување вели: „За безбедност и пријатно искуство на сите посетители, ве молиме придржувајте се до следниве правила за внесување знамиња во салата“.

1. Максимални димензии на знамето: 200 cm x 150 cm (2 m x 1,5 m)

2. Забрането:

-Знамиња кои го покриваат погледот на другите гледачи.

-Знамиња со навредлива содржина или политички пораки.

3. Дозволени се само официјалните знамиња на земјите учеснички на првенството.

Објавено е точно кои знамиња смеат да бидат внесени во салата. Меѓу нив е официјалното државно знаме, но познато е дека навивачите често доаѓаат со знамето со сонцето од Кутлеш. Тоа сега е забрането.

Листата на предмети забранети за внесување во салите за време на натпреварите може да ја најдете ТУКА.

Деталите за внесувањето на знамињата може да ги прочитате ТУКА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk