logo
logo
logo

Барса не успеа: Каталонците дојдоа до 3:0, но Атлетико оди во прво финале по 13 години

Vecer | 03.03.2026

Барса не успеа: Каталонците дојдоа до 3:0, но Атлетико оди во прво финале по 13 години

Атлетико (М) се провлече на гостувањето кај Барселона и обезбеди финале во Копа дел Реј. По победата од 4:0 на првиот натпревар на домашен терен, „јорганџиите“ вечерва имаа пеколно гостување на „Камп Ноу“ и малку недостасуваше каталонците да ја анулираат нивната висока предност, откако на крајот славеа со 3:0.

Расположениот Бернал вечерва двапати ја тресеше мрежата на Атлетико, а едне гол од белата точка постигна и Рафиња. Барселона имаше доминација, притисок и добра игра, но на крајот не успеа да дојде до тој четврти гол кој ќе им донесеше дополнителни минути за финале.

Вака и со пораз од 3:0, Атлетико по голема пауза повторно ќе игра во финале на Купот. Последен пат мадриѓани играа во финалето во 2013 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk