logo
logo
logo

Барса не доволи ново изненадување и го елиминираше Албасете од Купот на Кралот

Vecer | 03.02.2026

Барса не доволи ново изненадување и го елиминираше Албасете од Купот на Кралот

фото: Barcelona FC (X)

Фудбалерите на Барселона минимално победија со 1:2 во вечерашниот дуел од шпанскиот куп на кралот. По сензацијата која ја приредија домашните фудбалери во предходната рудна елиминирајќи го големиот Реал Мадрид, Албасете не успеа да го повтори тој успех и потклекна против Барселона.

Гостите уште од почетокот имаа теренска иницијатива и ја притискаа одбраната на Албасете. Јамал постигна погодок во 39-тата минута за водство на Барса, а тоа водство го зголеми Араухо во 56-тата минута. До крајот на натпреварот Албасете притискаше и успеа да постигне само почесен погодок во 87-та минута преку Морено.

Албасете ја завршува својата исклучителна приказна од овогодинешното издание на купот на кралот, а каталонците ќе го дознаат својот противник во полуфиналето на ждрепката во петок.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk