logo
logo
logo

Барса ја наполни мрежата на Алавес, блескаа Меси, Тринкао, деби на Мориба (видео)

Vecer | 13.02.2021

Барса ја наполни мрежата на Алавес, блескаа Меси, Тринкао, деби на Мориба (видео)

Барселона забележа убедлива победа над Алавес 5:1 на домашен терен во 23. коло на Ла Лига што е нивна 14-та победа сезонава. „Каталонците“ имаа одлична вечер, а уште во првото полувреме дадоа два гола преку Тринкао и Лео Меси, а Меси постигна уште еден гол кој беше поништен поради офсајд.
Во второто полувреме Риоха намали, меѓутоа Барса не дозволи изненадување. До крајот му даде пет „парчиња“ на противникот. Тринкао со вториот гол зголеми на 3:1, потоа Меси на 4:1, а конечниот резултат 5:1 го постигна Фирпо.
За Барса вечерва дебитираше 18-годишниот Илаикс Мориба, играч за врска кој беше на теренот до 64 минута.
Барса нема пораз од Алавес на својот „Ноу Камп“ од 2016 година. Од тој пораз, па до сега каталонците редовно го победуваат овој противник на свој терен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk