logo
logo
logo

Барди го демантира скандалот со возачката дозвола

Vecer | 06.04.2021

Барди го демантира скандалот со возачката дозвола

Голема непријатност за нашиот интернационалец и репрезентативец Енис Барди во Шпанија. Реномираниот  „Лас Провинсијас“ објавува дека Барди бил сопрен од страна на полицијата во Валенсија, и наводно имал невалидна односно фалсификат возачка дозвола. Веднаш бил како што пишува медиумот ставен под полицицка истрага, и според полицијата во Шпанија, возачката дозвола била нелегална. Истата е издадена од МВР во нашата држава.

Сега, Енис Барди преку социјалните мрежи се обидува да ја објасни целата ситуација, и нормално да ја демантира.

– По информациите кои ги пренесе еден медиум од Валенсија за покрената истрага против мене, сакам да го информирам следното:

1. Возачката дозвола која им ја покажав на службениците вчера на 5-ти април е валидна и издадена од службите во мојата земја.

2. Ова утро ја проследив целосната документација во локалната полиција, истиот издаден од страна на Министерството на внатрешни работи на Македонија.

3. Мојата цел е со оваа документација да се разјасни конфузната ситуација која настана, – гласи објавата на Барди.

Напиша Енис Барди на своите официјални профили на социјалните мрежи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk