logo
logo
logo

Барди: Да се одмориме, да си ги видиме слабите точки и да се спремиме за Украина

Vecer | 13.06.2021

Барди: Да се одмориме, да си ги видиме слабите точки и да се спремиме за Украина

Еден од најдобрите наши играчи Енис Барди го даде своето видување за натпреварот. Пред почетокот на ЕП закачи коронавирус, успеа да го победи и да се најде на теренот во Букурешт и одигра одлично.

Добар меч за нас, нормално дека е многу тешко, во некои моменти бевме подобри, а тие своите шанси ги искористија подобро од нас. Екипата даде се од себе и одигра со срце. Сега да се одмориме добро, да ги анализираме слабите точки и да мислиме на Украина. На тој натпревар дадеме многу повеќе отколку мечот со Австрија, а мислам дека малку ни недостасува да бидеме поопасни. Им благодарам на сите навивачи што дојдоа да не бодрат. Тие се дванаесетти играч за нас“, изјави Барди.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk