logo
logo
logo

Баерн славеше во Берлин, Левандовски утна пенал, Ноер заокружи 200 меча без примен гол (видео)

Vecer | 05.02.2021

Баерн славеше во Берлин, Левандовски утна пенал, Ноер заокружи 200 меча без примен гол (видео)

Баерн ја оправда фаворитската улога и ја совлада Херта во Берлин но тоа го направи потешко од очекувањата. Ова е меч од 20.коло во Бундес лигата, а „баварците“ го постигнаа голот во првото полувреме. Прво германскиот првак имаше шанса во 12 минута да поведе, но Левандовски промаши од белата точка. Полјакот прв пат по јануари 2019 година промашува пенал.

Сепак 10-тина минути подоцна Кингсли Коман го најде патот до голот на Херта.
Тој резултат остана до крај и Баерн освои нови три бода со кои избега на 10 бодови на чело на табелата во однос на вториот РБ Лајпциг кој има меч помалку. Херта е дури на 15. место и веднаш над опасната зона.

Она што е интересно Баерн постигнал барем по еден гол на 51 меч по ред (33 во Бундес лигата), а голманот Мануел Ноер го одбележа 200-тиот натпревар без примен гол во Бундес лигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk