logo
logo
logo

Баерн работи на трансфер на Кулибали од Наполи

Vecer | 01.03.2021

Баерн работи на трансфер на Кулибали од Наполи

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, е во преговори со првите луѓе на баерн (М), тврдат дел од италијанските медиуми.

Според информациите, германскиот клуб е подготвен да плати 45 милиони евра за 29-годишниот Сенегалец, кој минатото лето беше на мета на англиските гиганти, но Наполи не му дозволи да си замине. Оваа сезона Кулибали одигра 28 натпревари на сите турнири, постигна еден гол, а имаше и седум жолти и еден црвен картон.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, упорно тврди дека не планира да го продаде Кулибали, но ако преговорите со Баерн (М) продолжат со ова темпо, трансферот може да стане и реалност. Де лаурентис претходно објави дека сумата која ќе ја бара за дефанзивецот е 110 милиони евра.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk