Баер Леверкузен славеше над Лајпциг на гостински терен со 3:1 во дербито на 15-то коло од германската Бундеслига. На овој начин, „фармацевтите“ се израмнија со вечерашниот ривал во табелата, па двата тима имаат по 29 бода, но Баер сега е трет поради подобра гол-разлика.
Лајпциг ја имаше иницијативата во првиот половина час, во повеќе од динамичен натпревар, и успеа да ја материјализира со водечкиот гол во 35-тата минута. Австрискиот репрезентативец Шлагер сè направи сам и со прецизен удар од 16 метри погоди за 1:0.
Потоа следуваше шок и тоа до крајот на првото полувреме. Во 40-тата минута Артур упати совршен центаршут од десната страна, а Терје ја затресе мрежата со ефектен удар со глава за 1:1.
Веќе во 44 минта, Патрик Шик беше немилосрден од седум метри за 1:2.
Во второто полувреме, по неколку пропуштени шанси, вистинска драма видовме во седмата минута од судиското продолжение. Домашниот тим бараше пенал поради играње со рака на Андрих во сопствениот шеснаесетник, а во контранападот по таа ситуација, младиот Каулбрет постигна гол за 1:3 на своето деби во Бундеслигата.
Ова е прв пораз на Лајпциг на домашен терен оваа сезона во домашното првенство.