logo
logo
logo

Баер (Л) го отпушти Бош и донесе тренер од германската младинска репрезентација

Vecer | 23.03.2021

Баер (Л) го отпушти Бош и донесе тренер од германската младинска репрезентација

Петер Бош повеќе не е тренер на Баер Леверкузен. Утрово од клубот објавија дека тој е разрешен од функцијата главен тренер на Баер.

Холанѓанецот беше отпуштен поради последните незадоволителни резултати. Тимот беше елиминиран од Лигата на Европа, загуби во Купот на Германија од клуб од 4-тата лига, а во Бундеслигата на последните девет натпревари освои само две победи и претрпе дури пет порази.

До крајот на сезоната клубот од Леверкузен ќе го предводи Ханес Волф, кој беше тренер на германската младинска репрезентација до 18 години.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk