logo
logo
logo

Бабиќ пред ГОГ: Мора да бидеме фанатици, да веруваме во победа

Vecer | 16.02.2021

Бабиќ пред ГОГ: Мора да бидеме фанатици, да веруваме во победа

По двете победи во низа над Татабања во Европската лига, Е.Пелистер вечерва (20:45 часот) на домашен терен го пречекува Гог Гудме, тим од кого беа совладани во рамките на 2. коло со минимални 30-29.

Битоласкиот тим има шанса да направи голем чекор напред и да се најде во следната фаза. Игра на домашен терен, но без двајца главни играчи. Кушан и Мандалиниќ се надвор од теренот.

„Остваривме големи победи и тие се важни за позицијата и можноста да ја минеме групата, што би бил историски успех за клубот и за македонскиот ракомет. Секако дека сум задоволен, задоволни се сите во клубот, но имавме и таканаречени нус-појави, тешка повреда на Кушан и повреда на Мандалиниќ. Плативме висока цена, но на тоа не можевме да влијаеме, повредите се составен тел од спортот и можеме само да се надеваме дека ќе се вратат здрави во тимот и ќе придонесат за тимот. Победите над Татабања се за Кушан и искрено му посакувам да заздрави“, изјави Жељко Бабиќ.

Според стратегот на битолчани, иако ги нема на располагање сите сили, сепак неговите момци можат да одиграат рамо до рамо со Данците. Треба само голема верба.

„ГОГ Гудме во својот ростер има четири светски прваци и тоа говори за нивната снага како тим. Сакам да нагласам дека нашите играчи кои помалку играат ќе добијат шанса да ми покажат и мене, и себе и на цела Македонија колку вредат. Мора да веруваме дека можеме да го победиме ГОГ Гудме. И во овој состав со кој ќе настапиме мора да веруваме дека можеме да му се спротиставиме на Данците и натпреварот да заврши во наша полза. Основни фактори за успех на утрешниот натпревар се фанатична волја и фанатична верба во себе и во тимот. Ако ги имаме тие две работи имаме шанси во позитивен исход. Во спротивно, ако немаме волја, желба и борбеност, јасно е дека нашите шанси се многу помали. Направивме големи чекори кон осминафиналето, натпреварот доаѓа во вистински момент и се радувам на него и покрај проблемите во тимот. Мора да бидеме фанатици, на чело со мене, и да веруваме во победа“.

Е.Пелистер се наоѓа на третото место на табелата во групата Д, зад ГОГ со седум бода, победа ќе значи искачување на втората позиција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk